Новиот филм на режисерот Кристофер Нолан ќе се заснова на адаптацијата на епската „Одисеја“ на Хомер.Universal Pictures соопшти дека тоа ќе биде „митска акциона епопеја што ќе се снима низ целиот свет“.„Филмот на режисерот Нолан, познат по филмовите „Опенхајмер“ и „Меѓуѕвездена“, ќе биде прикажан во кината ширум светот на 17 јули 2026 година“, објави Universal Pictures на Твитер.Како што наведуваат, филмот ќе се снима со помош на технологијата IMAX, која овозможува особено висока резолуција. Според претходните извештаи, Мет Дејмон, Шарлиз Терон, Том Холанд, Ен Хатавеј, Зендаја, Лупита Нионго и Роберт Патинсон ќе бидат дел од овој проект.Оскаровката Шарлиз Терон е една од најновите кои се приклучија на актерската екипа, а пред да го снима овој филм, таа ќе го снима трилерот за преживување на Нетфликс, Апекс.Се очекува снимањето на филмот на Нолан да започне во 2025 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: