Потполно новата трета генерација на моделот BMW X6, ќе го има своето јавно деби на саемот за автомобили во Франкфурт.
Како што може да се види од фотографиите , делумично маскираниот BMW X6 веќе изгледа како производствена верзија која ќе се најде во продажба. За да се направи простор за малиот BMW X1, најновиот BMW X3 мораше да порасне, а овој домино ефект премина и на новиот BMW X5 кој е поголем од моделот кого го заменува.
Предниот дел на автомобилот изгледа повеќе исправно отколку порано, со повеќе истакнатост, поголема верзија на познатата BMW бубрежаста предна маска, и решетките на ладилникот, поголеми врати, поголемо меѓуосовинско растојание и подолг кров кој треба да му даде дополнителен внатрешен простор, вклучувајки ја можноста за верзија со 7 седишта.
Внатрешноста на новиот BMW X6 е фокусирана на подобрување на квалитетот, со подобри материјали кој користат и напредни технологии и функции како што се прилагодување на амортизерите, iDrive систем и голем LCD дисплеј. Интересно е да се напомене дека новиот BMW X6 ќе биде опремен со таканарен FlexRaу состав кој ќе овозможи едноставно надоградување на електорниката .
Опциите на моторот ќе бидат од 3.0 литарки дизелаш со шест цилиндри, бензинец со осум цилиндри, додека најверојатно во понудата ке биде вклучен и турбо дизел мотор од помала зафатнина со четири цилиндра сличен на оној во Mercedes ML250 CDI. Се очекува цените да започнат од 55.000 евра, откако новиот BMW X6 ќе се најде во продажба наредната година.Потполно новата трета генерација на моделот BMW X6, ќе го има своето јавно деби на саемот за автомобили во Франкфурт.