НОВИ ДЕТАЛИ ЗА УБАВАТА СТЈУРДЕСА КОЈА ЗАГИНА СО ПРИГОЖИН: Заминала во Москва да ги оствари своите соништа, сакала луксуз и патувања

Убавата стјуардеса Кристина Распопова е единствената жена која загина во авионската несреќа на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин.

Не се познати многу детали за животот на Кристина.

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА УБАВАТА СТЈУРДЕСА КОЈА ЗАГИНА СО ПРИГОЖИН: Заминала во Москва да ги оствари своите соништа, сакала луксуз и патувања

Иако и самата на социјалните мрежи изјавила дека е од Москва, медиумите објавија дека е родена во Казахстан, но се преселила во Русија бидејќи „сакала да ги оствари своите соништа“. Нејзиниот брат е Евгениј Распопов, заменик обвинител на градот Јеманжелинск во регионот Чељабинск.

Според руските медиуми, Кристина наводно не била блиска со сопствениот брат.

„Тие живееја различни животи. Повремено зборуваа на телефон, се гледаа еднаш годишно. Тој не знаеше дека таа летала во авионот со Пригожин. Знаеше дека работи како стјуардеса во приватен авион, кој го изнајмуваа луѓе кои можат да си дозволат таков луксуз“, додал извор близок до семејството.

Таа самата на социјалните мрежи изјави дека е разведена, но не се познати повеќе детали.

Што се однесува до социјалните мрежи, очигледно е уште една работа – Кристина сакала да патува приватно. Таа често избирала егзотични дестинации, скапи одморалишта и хотели. Последен таков одмор на која отишла бил Шри Ланка во февруари 2023 година.

Таа не знаела дека Пригожин бил во авионот

Нејзиниот брат за руските медиуми изјави дека Кристина не знаела дека во авионот ќе бидат клучните луѓе на Вагнер, Евгениј Пригожин и Димитриј Уткин.

Последната објава на Кристина на социјалните мрежи беше поврзана со кобниот лет.

Таа објави фотографија на која се гледа како кафето и појадокот ги нарачала во кафулето на аеродромот каде го чекала својот тим да полета.

Претходно таа ги известила своите блиски дека летот доцни поради поправки.

Кој друг бил во авионот на смртта?

Покрај Кристина и Евгениј Пригожин, на списокот на патници имаше уште неколку познати или помалку познати имиња поврзани со Вагнер.

Секако најпознатото име е Димитриј Уткин.

Димитриј Уткин, десната рака на Пригожин и една од клучните фигури во групата Вагнер.

Валери Чекалов е од Владивосток, од 2008 година живее во Санкт Петербург. Тој важеше за логистичар и шеф на безбедносната служба во групата Вагнер. Чекалов беше одговорен за сите движења на Пригожин, транспортната логистика и беше единствениот кој точно знаеше кога и каде е Пригожин. Тој стана познат во јавноста минатата година, кога мнозинството западни земји, кои ја поддржуваат Украина, му воведоа санкции поради војната и поддршката за Русија. Бил тесно поврзан со четите на Пригожин. Во 2017 година, компанија поврзана со Пригожин.

Сергеј Пропустин е дел од Вагнер од 2015 година, а најчесто го нарекуваат фрлач на гранати во редовите на ПМЦ Вагнер. Познато е дека тој наполнил 44 години на почетокот на август, а судејќи според судската евиденција, до 2021 година бил регистриран во селото Сиверски, Ленинградска област.

Евгениј Макаријан живеел во Магнитогорск, регионот Чељабинск. Малку се знае за него, освен дека имал 38 години. Тој не е активен на социјалните мрежи, а некои медиуми јавуваат дека порано бил окружен полицаец. Најчесто се наведува дека тој е дел од Вагнер од 2016 година, како и дека се борел во Сирија.

Александар Тотмин по потекло е од Алтајската територија, но очигледно последните неколку години живее во Санкт Петербург. Имаше 31 година. Тој тврди дека некако ги застапувал интересите на Вагнер во Судан. Му се судеше за кражба.

Меѓу членовите на екипажот беа пилотот Левшин Алексеј и копилотот Каримов Рустам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.