Дојави за бомби утринава повторно биле испратени на електронските адреси на училишта.
Од МВР потврдуваат дека имаат пријави, а наскоро ќе соопштат повеќе информации.
Вчера дојава за поставена експлозивна направа добиле 120 училишта во Скопје, а по извршените проверки полицијата утврди дека се работи за лажни пријави.