Нови проблеми за Србија, Азербејџан ја прекинува доставата на гас – Вучиќ не сака да воведе санкции за Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека со американскиот секретар за менаџмент и ресурси Ричард Верма разговарал за широк спектар на прашања, како и за санкции насочени против руски субјекти ширум светот.

„Русите ќе бидат многу повеќе погодени од други санкции од овие“, рече претседателот на прес-конференцијата, додавајќи дека на американската делегација ѝ поставиле конкретни прашања и оти очекува одлуки во писмена форма во наредниот период.
„Побарав нашите рокови да бидат пофлексибилни. Прашањето е дали новата администрација ќе ги укине тие санкции или не. Проблемот е што дел ќе може да се укине, а дел ќе мора да помине низ Конгресот. Нема да биде лесно , ниту едноставно најважни ќе биате нафтата и бензинот“, рече Вучиќ.

„Ние не сме изнудувачи, нема да изнудуваме руски имот. Ако треба да платиме за нешто, ќе платиме, но нема да крадеме“, рече претседателот.

Но тоа не е единствениот проблем на Србија.
– „Од нашите браќа и пријатели од Азербејџан добивме информација дека поради виша сила, поради проблемите што ги имаат, од денеска повеќе не можеме да сметаме на 1,7 милиони кубни метри гас што ни доаѓаа секој ден“, вели Вучиќ.
Што значи, да ви преведам на српски, драги луѓе, од денеска многу посериозно ќе почнеме да ги трошиме резервите, забележува претседателот.

Пронајдете не на следниве мрежи: