Во Црна Гора се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус, соопшти Институтот за јавно здравје во Подгорица.
Лабораториите на Институтот анализирале 259 примероци од кои 18 биле позитивни на Ковид-19.
Од новозаболените, 13 имале контакт со претходно потврдени позитивни случаи, а за три постојат податоци кои укажуваат на импортација од Албанија и Србија.
Кај две лица во моментов се трага по изворот на заразување.