Ново училиште во Турција ќе го носи името на Македонија, а училниците на македонските градови поради солидарноста по земјотресите

Училиште во Турција ќе се вика Македонија а 32-те училници ќе бидат именувани по македонски градови. Турската влада одлучи да и се оддолжи на земјава за хуманитарната помош која ја испрати, веднаш по катастрофалниот земјотрес кој ја погоди државата. Дел ќе биде искористена за изградба на ново училиште во Малатија, а дел ќе се намени за помош на жителите на Сирија.

Ново училиште во Турција ќе го носи името на Македонија, а училниците на македонските градови поради солидарноста по земјотресите

„Црвениот крст на Република Македонија по направените преговори со Турската Црвена Полумесечина, на заеднички предлог, одлучи собраните хуманитарни средства во износ од 50.909.796 денари, да се наменат за изградба на училиште во градот Малатија. Новото училиште ќе го носи името на нашата држава, а 32 училници ќе ги носат имињата на градовите на нашата држава. Овој акт ќе остави траен белег и доказ за солидарноста на граѓаните на РСМ кон граѓаните на Република Турција.“

Веднаш по катастрофалниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија, Македонија се мобилизираше да обезбеди хуманитарна помош. Десетина пожарникари помагаа во потрагата по преживеани а беа собрани нешто повеќе од 63 милиони денари, од кои речиси 51 милиони денари ќе се наменат за изградбата на училиште, додека пак 12 милиони денари ќе добие Црвената полумесечина за помош на настраданото население во Сирија.

Во земјотресот кој на почетокот на годинава го погоди Турција и Сирија, загинаа преку 50 илјади лица. Ширум регионот уништени или оштетени беа илјадници објекти а материјалната штета достигна неколку милијарди евра

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.