Четиригодишно дете случајно голтнало две оси кои му паднале во сокот од портокал, а кои потоа го искасале по вратот. Инцидентот се случил викендов на плажата Микрос Галос на Лефкада, јавува грчкиот портал „Пелоп“.
На момчето брзо му била укажана помош во локалната болница.
Лекарите предупредуваат дека каснувањето од стршлен, кој се смета за еден од најчестите видови оси, има многу висок импулс на реакција, поради што е неопходна итна и брза интервенција.