Нов инцидент на фудбал викендов: Фудбалер на Брера уапсен поради физички напад

Фудбалскиот натпревар помеѓу Тиквеш 1930 и Брера Струмица во 26. коло од Првата машка фудбалска лига имал и трето полувреме во кое физички силите си ги одмериле фудбалери на домашниот и гостинскиот тим.

МВР информира дека вчера попладне во 17.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ѓ.И. (28) од Република Србија кој по завршување на натпреварот на Градскиот стадион во Кавадарци физички го нападнал Д.К. (32) од Прилеп – играч на ГФК „Тиквеш“ по што е поднесена соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи: