Нов летен тренд: Нијанса што одговара на секоја жена

Совршено за оние кои сакаат да пробаат нешто ново без промената да биде драстична. 

Фризерите пронајдоа нијанса на коса што изгледа одлично на сите, без оглед на возраста и тонот на кожата. Тие тврдат дека оваа боја може да ја носат апсолутно сите жени. 

Се работи за посмирен и поприроден тон на платинесто руса коса која е идеална за летните денови. Светските фризери оваа нијанса ја споредуваат со уметност, прикажана на вашата коса. Посочуваат дека сакале да создадат нешто што изгледа добро на секоја жена, лесно да се одржува и дека ќе го надополни изгледот во летните месеци. 

Со овој изглед косата ќе делува здраво и негувано, а од друга страна бојата е совршена за оние кои сакаат нови промени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.