Граничниот премин Блаце е затворен за сообраќај во двата правци, а регистрирани се неколку нови пожари во последниот еден час, додава Инфомакс.

Нов пожар има кај Катланово, Орман, гори објект односно фабрика позади бензинската БЕСА ПЕТРОЛ.
На терен се екипи на скопската противпожарна бригада.
Покрај овие пожари активни се и десетина други низ целата држава, гори на неколку локации во Македонски Брод, Крива Паланка, Дојран и останати локации.
ДЗС не одговара на прашањата на медиумите за овие пожари.



