Нов претседател на Судски совет е Киро Здравев

За прв човек на Судскиот совет е избран врховниот судија, Киро Здравев. Како единствен кандидат за оваа функција тој вчера ја доби поддршка од сите 12 членови на Советот, кои присуствуваа на седницата.
Пред нив и пред новинарите Здравев вети дека двегодишниот мандат ќе го посвети на враќањето на интегритетот на судската професија и довербата на граѓаните во правосудството. Еден од приоритетите ќе бидат и заостанатите постапки за нестручно постапување на судии.
Во следните две години заменик на Здравев ќе биде Селим Адеми, чиј мандат како член на Судскиот совет истекува за 6 месеци. Но Адеми вели дека ова нема да биде пречка да ја извршува функцијата.
Поддршка за изборот на Здравев и Адеми даде и претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. Иако поканета, министерката Дескоска  не присуствуваше на денешната седница на Судскиот совет. Од Министерството за правда се повикуваат на одредбите од новото законско решение донесено согласно препораките на ГРЕКО, според кои министерот за правда не присуствува на седници кога се вршат избори на судии или членови на Судскиот совет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.