Нов пронајдок кој овозможува да ја пиеме и солената морска вода

Со само нешто повеќе од обична батерија, сега можеме да ја пиеме и солената морска вода.
Хемичари од универзитетот во Тексас и универзитетот во Марбург пронашле начин за електрохемиско отсолување на морската вода, кој е многу поевтин и подостапен од сите досегашни начини за создавање на вода за пиење од солената вода од морињата.
780 милиони луѓе ширум светот немаат пристап до питка вода, а 345 милиони од нив се наоѓаат во Африка. Во целиот свет се претпоставува дека има 366 милиони трилиони галони вода, од кои 2,5 % се залихи на свежа вода. Научниците сметаат дека новиот „евтин“ метод на отсолување на водата ќе помогне на милиони низ светот, бидејќи процесот на отсолување е значително поедноставен и бара помалку енергија. Достапноста на вода за пиење и наводнување е една од основните барања за одржување и подобрување на човековото здравје.

Додека модерните методи за правење питка вода вклучуваат скапи мембрани кои лесно се инфицираат со бактерии, новиот метод треба да се подобри и унапреди, но тоа може да биде постигнато, а методот да премине во лесен пренослив начин на отсолување на водата.
На кој начин функционира револуционерното електрохемиското отсолување?
За отстранување на солта од водата, научниците користат мала волтажа(3 Волти) врз пластичен чип наполнет со солена вода. Чипот содржи микроканал со две гранки, а на почетокот од каналот има вметната електрода која неутрализира дел од јоните на хлорот во солената вода и создава „зона без јони“ која го зголемува локалното електрично поле во споредба со останатиот дел од каналот. Оваа промена во електричното поле е доволна за да ги пренасочи солите во една од гранките на каналот, дозволувајќи на отсолената вода да помине низ другата гранка. Со само нешто повеќе од обична батерија, сега можеме да ја пиеме и солената морска вода.

Пронајдете не на следниве мрежи: