Нов силен земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватската сеизмолошка служба соопшти дека утрово во 05:37 часот е регистриран земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во близина на Глина.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар наведува дека јачината на земјотресот била 4,1 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на седум километри од Глина.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил на длабочина од 10 километри, а потресот бил почувствуван и во Загреб.
– Звучеше како удар, а потоа почна да се ниша. Повторно, тоа глупаво чувство и звуците на крцкање на прозорците и вратите во станот, напиша читател на порталот 24сата.хр.
Кликс.ба пренесува дека земјотресот бил почувствуван и во северозападниот дел на Босна и Херцеговина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.