НОВ ЏАМБУС ВО АЛБАНСКОТО СОБРАНИЕ: Социјалистите ја претепаа опозицијата, а потоа интервенираше Саљи Бериша

Собранието на Албанија денеска ја прекина седницата поради нов инцидент, поради што членовите на Демократската партија ги превртеа столчињата во салата и се собраа на говорницата да ја блокираат седницата, пишува Албанскиот печат.

Пратеникот на Социјалистичката партија Џемаљ Кефалија физички се судри со пратеници од опозицијата. Тој, барајќи да не се поместуваат столчињата, ги турна Едмонд Спаха и останатите пратеници во Собранието.

Претседателката на Собранието, Љиндита Никола, најпрвин најави дека седницата ќе продолжи, но дојде и до „пресметка“ меѓу пратеникот од редовите на социјалистите Тони Гогу и пратеникот Ервин Салијани од опозицијата. Гогу Салијана ја нарече „камиказа на незаконитоста“.

На дебатата се вклучи и поранешниот премиер Саљи Бериша, кој го праша зошто се преправа дека е адвокат.

Бериша рече дека без враќање на уставните права, барајќи право на опозицијата да формира истражни комисии, нема да има ни собраниска седница и најави штрајк на опозицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.