Почнувајќи од следната недела, Норвешка ќе ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани, соопшти денеска норвешката влада.„На руските граѓани кои доаѓаат во Норвешка за туристички и други несуштински цели ќе им биде одбиен влезот во Норвешка кога ќе ја преминат границата“, се вели во документот објавен на веб-страницата на норвешката влада.Новите правила стапуваат на сила на 29 мај, а важат и за оние кои добиле виза од други земји од Шенген зоната.
Пронајдете не на следниве мрежи: