Полициски службеници на СВР Тетово синоќа од 21 часот до 3 часот спроведоа уште една од континуираните акциски контроли на возачите – дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 12 возачи (ТЕ-7 и ГВ-5).
Кај најголемиот број од нив биле измерени до 1 промил алкохол во организмот, односно во крвта. Сите се веднаш исклучени од сообраќај, изготвени им се предвидените поднесоци со парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност, а времено им се одземени и нивните возачки дозволи. Во акцијата, исто така, санкционирани се и 42 други видови сообраќајни прекршоци.
„СВР Тетово со уште еден апел до возачите да се воздржат од консумирање алкохол ако возат, без разлика на поводот и другите околности. Зашто, под дејство на алкохол ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.“, подвлече портпаролот на СВР, Марјан Јосифоски.
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ