Нутела колачот се прави брзо и лесно и е одличен избор кога имате гости.
Потребни ви се 2 состојки, нутела и јајца. Се што треба да направите е да ги измешате состојките и да го испечете.
Состојки:
4 јајца
240 гр нутела
Подготовка:
Јајцата се матат пенесто. Додадете нутела на собна температура. Добро измешајте.
Истурете ја смесата во кружен калап кој сте го подмачкале или обложиле со хартија за печење. Се пече на 180°C околу 20 минути.
Почекајте целосно да се излади, па посипете со шеќер во прав и исечете.
Можете да направите и чоколадна глазура.