Поранешниот американски претседател Барак Обама призна дека демократскиот претседател Џо Бајден имал „лош“ настап во дебатата против републиканецот Доналд Трамп, но и покрај тоа го поддржал Бајден.
„Се случуваат лоши дебатни ноќи. Верувај ми, знам“, напиша Обама на платформата X.
Тој посочи дека овие избори сепак се избор меѓу некој кој цел живот се борел за обичните луѓе и некој кој се грижи само за себе.
„Минатата ноќ не го промени тоа“, нагласи Обама