Обвинителството бара исклучување на јавноста од случајот за убиството на Вања и Панче

Обвинителката даде предлог за искчучување на јавноста од целата главна расправа бидејќи исклучувањето на јавноста е потребно заради заштита на приватниот живот на оштетената Зорица Ѓорчевска, мајка на Вања Ѓорчевска која согласно чл. 166 став 1 од Закон за прваа на децата како дете жртва на кривично дело има права кои треба да се почитуваат.

Од страна на мајката и сестрата на на Вања Ѓорчевска поднесено е барање до ОЈО за исклучување на јавноста од целата главна расправа имајќи ги предвид сериозните последици на интензивното медиумско известување на настанот врз семејството на починатото дете. Како и заради заштита на приватниот живот на оштетената Зорица и Миња Ѓорчевска, кое медиумско известување придонесло кон продолжување на болката и стравот кај оштетената Зорица, како и кај Миња кое сериозно влијаело врз нивната целокупна здравствена состојба, трепеле сериозно посттрауматско растројство, за што во прилог се доставува оригинал од извештај ос псецијалист од психијатрија и препорака од психолог/психотерапевт.

Пронајдете не на следниве мрежи: