Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против 46-годишен скопјанец поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело помагање на сторител откако го сторил кривичното дело од член 365 ст.3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Основно сомнение дека осомничениот сторил кривично дело произлегува од досега прибавените докази од Бирото за јавна безбедност на Секторот за меѓународна полициска соработка, доставени до СВР Скопје, во кои е наведено дека лицето е осомничено за сторил кривично дело, за што е распишана меѓународна потерница на 2.12.2023 година регистрирана на граничните премини во Република Бугарија, со влез во Република Бугарија на ГП Калотина и излез од Република Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Република Турција).
Двете регистрации се од возилото „ленд ровер“, кое го управувал пријавениот. Лицето е лишено од слобода и со него полициски службеници од Одделението за меѓународна соработка извршиле информативен разговор.
Во конкретниот случај постојат околности кои го оправдуваат стравот од опасност од бегство, како и посебни околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори делото, имајќи ги предвид околностите за видот и карактерот на делото, условната осуда и нејзината последици.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.