Првиот конвој со хуманитарна помош што денеска влезе во Појасот Газа не треба да биде последен, предупреди првиот човек на хуманитарната организација на ОН, Мартин Грифитс.
Дваесет камиони со помош од Египет влегоа во Газа, која е под израелска опсада и гранатирање.
„Убеден сум дека овој товар ќе биде почеток на постојаните напори за снабдување со основни добра – првенствено храна, вода, лекови и гориво – на жителите на Газа, на безбеден, безусловен начин без пречки“, кажа тој.
- ИРАН ПРВ ПАТ ГО КОРИСТИ „ОСВЕТНИКОТ“: Ова е суперсонична ракета која удри во израелските градови – ПОЖАРОТ ја крена Белата куќа на нозе
- По нападот на Иран врз Израел: Светските лидери стравуваат од сеопфатна војна, Хамас го поздрави чекорот на Техеран
- ,,Ова е само дел од нашата моќ – не си играјте!”
- ВО УГЛЕДАР СЕ ВЕАТ РУСКИ ЗНАМИЊА! „Непробојната тврдина“ паѓа по 30 месеци, ПАТОТ КОН ДОНБАС отворен!
- СОБОРУВАЈТЕ ГИ ИРАНСКИТЕ РАКЕТИ – Бајден издаде наредба до американската војска
Денеска, според египетските медиуми, во камионите имало храна и медицинска помош, но не и гориво, кое е неопходно во Појасот Газа, чија единствена електрана не работи.
Камиони со хуманитарна помош денеска почнаа да влегуваат во Газа преку преминот Рафах, на границата со Египет, за првпат од почетокот на конфликтот пред 15 дена.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.