Облачно време, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а на повеќе места ќе дува засилен северен ветер. Попладне ќе има нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 степени, а дневната од 25 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува седум.


Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со повремено засилен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 16 до 31 степен.
Во вторник се очекуваат повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни со грмежи, особено попладнето. В среда како и во следните два дена ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во пораст, освен во вторник кога ќе опаднат за неколку степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.