Денес времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 0 до 6 степени, а дневната од 7 до 17 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 3 степени, а дневната до 14 степени.
Во четврток ќе се задржи променливо облачно време, со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под 0, а дневните ќе бидат во пораст.