ОБЛЕКАТА НЕ ВИ МИРИСА УБАВО И НЕ Е ЧИСТА? Сите ја правиме истата грешка кога ставаме детергент за перење!

Колку прашок употребувате за да ставите во машината при перење алишта? Се обложуваме дека грешите во вашата проценка, а еве како да ја проверите.
Иако на секоја кутија детергент имате препорака колку да се става во машината, повеќето производители претеруваат во препораките, за да потрошат повеќе производ.
И не само што премногу детергент го оштетува буџетот – ја оштетува и облеката, бидејќи ако ставите повеќе отколку што треба, ќе останат бели дамки, а вишокот детергент ќе ги затне одводите, па машината ќе троши повеќе струја за перење.
– Пред се, важно е да се нагласи дека вишокот на детергент не значи и почисти алишта, иако повеќето мислат така, па луѓето претерано ставаат прашок, а всушност само ја оштетуваат облеката и машината. Три елементи се клучни за добро перење: температурата на водата, центрифугата и работата на детергентот и омекнувачот. Само кога овие три елементи ќе се оптимизираат, алиштата ќе бидат чисти – вели Мари Галарди, специјалист за перење и тестер во една компанија.
Како што советува таа, важно е да се избере највисоката можна температура, бидејќи повисока температура значи и почисто перење.
– Изберете програма со подолго и дополнително плакнење. Што се однесува до детергентот, важно е да е квалитетен. Можно е упатството да вели дека користите повеќе детергент отколку што е потребно. Ова ќе го знаете ако алиштата многу се пенат за време на циклусот на перење.
Ако тоа се случи, прво обидете се да ја пронајдете најниската препорачана количина на детергент на пакувањето. Ако не е наведено, едноставно намалете ја количината додека не ја најдете идеалната мерка – вели таа и додава дека е најпаметно да се измери прашокот, а не директно да се истура во машината, бидејќи само така секогаш ќе знаете со сигурност колку многу сте истуриле.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.