ОБНОВЕНА ВОЈНАТА ВО КАВКАЗКИОТ РЕГИОН: Ерменија и Азербејџан утрово продолжија со ракетирање и гранатирање!

По речиси две години спокојство, двете кавкаски држави Азербејџан и Ерменија ги обновија жестоките судири кога азербејџанската артилерија нападна градови во Ерменија нешто по 22 часот по средноевропско време во понеделникот вечерта.

Министерство за одбрана на Ерменија: „Ноќта на 13 септември, единиците на вооружените сили на Азербејџан отворија интензивен оган од артилерија и огнено оружје од голем калибар врз ерменските позиции во правец на населбите Горис, Сотк и Јермук“. Непријателот користи и дронови“.
ОБНОВЕНА ВОЈНАТА ВО КАВКАЗКИОТ РЕГИОН: Ерменија и Азербејџан утрово продолжија со ракетирање и гранатирање!

Градот Гори беше нападнат со ракетни и артилериски напади со долг дострел. Додека проектили паѓаа на работ од градот на ноќното небо, се појавија беспилотни летала Bayraktar TB-2, со кои Азербејџан пред две години ја десеткуваше ерменската војска во Нагорно Карабах.

Набрзо, освен градот Гори, на мета беше и селото Техи. По час и половина ракетно истрелување и пукање, азербејџанското Министерство за одбрана објави дека ја обвини Ерменија дека го испровоцирала овој напад по серијата провокации против азербејџанската армија, која мораше да одговори на овој напад.

Истовремено со објавата нападнати се и градот Арени и медицинската единица во Јармук.

Министерство за одбрана на Ерменија: „Ноќта на 13 септември, единиците на вооружените сили на Азербејџан отворија интензивен оган од артилерија и огнено оружје од голем калибар врз ерменските позиции во правец на населбите Горис, Сотк и Јермук“. Непријателот користи и дронови“.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин.

Пашинјан го информирал Путин за ситуацијата со Азербејџан и повикал на „одговор на меѓународната заедница“.

Пашинјан и Путин се договорија да останат во контакт.

Ноќта помеѓу понеделникот кон вторникот околу 01:30 часот повторно се забележани интензивни судири долж границата со Ерменија и Азербејџан. Потоа се појавија снимки од складиште за ерменска муниција што гори во близина на Јермук откако Азербејџан изврши напад на позицијата.

Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека има мртви и ранети во редовите на ерменските вооружени сили поради тековните воени дејствија. Ерменското Министерство за одбрана исто така соопшти дека азербејџанската армија напаѓа цивилна инфраструктура долж пограничните региони.

Продолжуваат позициските борби на одредени делови од ерменско-азербејџанската граница – извести утрово Министерството за одбрана на Ерменија. Сега се водат позициски битки за повеќе од десет локации.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.