Објавена листата на најскапи и најевтини земји за живеење за 2022 година

Списокот функционира со пресметување на трошоците за домување, облека, храна, превоз, интернет, комуналии, намирници, како и бројни други параметри.
Според статистичките податоци, трите најскапи земји за живот во светот се Бермуди, Швајцарија и Норвешка. Следуваат Исланд и Барбадос.


Северна Македонија е рангирана на 118. место според трошоците за живот, со индекс на трошоци на живот од 31,38 (од 100), цена на киријата од 13,6%, индекс на трошоци за храна од 26,95 и локална куповна моќ од 35,44.


Од земјите во регионот, Србија е на 94. место, Босна и Херцеговина е на 96. место, а најскап живот има Словенија, која е на 46. место, Хрватска на 59-то, Црна Гора на 87. место, Албанија на 99-то, додека Грција доста повисоко, на 41. место.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.