Министерот за одбрана на Израел Јоав Галант објави документ во кој наводно се откриваат комуникациите меѓу поранешниот командант на Хамас и лидерот на оваа организација Јахја Синвар, во кој тие зборуваат за ситуацијата во Газа.Во видеото што го објави на социјалните мрежи, Галант рече дека писмото е напишано од поранешниот командант на бригадата на Хамас, Кан Јунис Рафа Саламех, а адресирано до Јахја Синвар и неговиот брат Мухамед.„Ве молиме, размислете за следново. Ние го одржуваме преостанатото оружје и опрема бидејќи изгубивме 90 отсто од нашите ракетни способности. Изгубивме околу 60 отсто од нашето лично оружје и најмалку 70 отсто од нашите противтенковски ракетни фрлачи. Исто така, изгубивме најмалку 50 отсто од нашите борци кои беа убиени или ранети. Последните 25 проценти од нашите луѓе дојдоа до ситуација народот веќе да не ги толерира. Тие се скршени на психолошко и физичко ниво“, се вели во писмото што го прочита Галант.A picture is worth a thousand words. This picture was found in a tunnel where the Sinwar brothers were hiding like rats. On 9/11 we remember the horrific attack on our closest ally, the U.S.And we remember that our fight against terrorism, against Hamas, is the fight of the… pic.twitter.com/KoyE0eMOCm— יואב גלנט – Yoav Gallant (@yoavgallant) September 11, 2024Тој рече дека командантот, кој беше убиен во напад на израелската војска, апелирал за помош, но браќата Синвар не можеле да му помогнат.„Зошто е тоа така? Затоа што ние ги продолжуваме напорите што започнаа во октомври и продолжуваат чекор по чекор. Тоа допира до сите високи функционери на Хамас. Тој им го напиша ова на браќата Синвар. Ќе дојдеме и до нив“. изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.
Пронајдете не на следниве мрежи: