Оваа е најдобрата положба за спиење

Положбата на спиење може да биде причина за болки во грбот, воспаление на зглобовите, а може да придонесе проблеми со дишењето и изразено ‘рчење. Начинот на кој човекот лежи во кревет кажува многу за целокупното здравје како и за тоа колку лесно може да заспие. Недостатокот на сон може да доведе до чувство на мрзеливост, а и влијае негативно врз расположението и работната способност.

Недоволно спиење, исто така, влијае на зголемување на ризикот од болести кои го загрозуваат животот, како што се срцеви болести и дијабетес, пишува британскиот „Express”.

Експертот за спиење д-р Тери Крејл тврди дека, кога се во прашање сонот и спиењето, човекот може во голема мера да го подобри своето здравје доколку  спие на “на страна”.

„Постојат многу варијации на спиење на страна, од кои секоја е добра, бидејќи тоа помага во ублажување на несоница и хроничен недостаток на сон. Сепак, најудобна положба е онаа во која, додека лежи на страна, благо ги свиткувате колената и ги повлекувате нагоре, кон градите”, вели Крејл .

Спиењето на страна е најдобро за луѓето кои страдаат од болки во колковите, а се препорачува и за бремените жени. Доктор Крејл, сепак, истакнува дека треба да го избегнете спиењето на стомак, бидејќи тоа може да предизвика болка во вратот и ‘рбетот.

„Ако веќе спиете на стомак, користете многу мека перница или спијте без перница, за вратот да не ви биде под непријатен агол”, вели експертот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.