Матија Закањи е еден од најдобрите фудбалери на Лацио, а малкумина знаат дека тој веројатно е еден од „најдобрите“ и надвор од теренот. Имено, тој е во хармоничен брак со убавата блогерка Кјара Насти.
Пред да се смири и да влезе во брачните води со фудбалерот од римскиот клуб, Кјара Насти беше вмешана во бројни скандали и афери кога беше во прашање нејзиниот љубовен и интимен живот.
Таа беше во бурна врска со италијанскиот репрезентативец Никола Заниола, а после тоа се шпекулираше дека раскинувањето дошло поради бразилскиот фудбалер Нејмар кој е познат по тоа што лесно се вљубува во вакви девојки.
Не знаеме дали навистина имало нешто меѓу нив или не, но лесно може да се провери дека Нејмар и ги има лајкнато сите нејзини објави на социјалната мрежа Инстаграм.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.