Кога станува збор за храната, сите родители знаат колку може децата да бидат пребирливи. Вкусот не е единствената важна работа за децата, туку и визуелниот изглед на храната е исто така многу важен. Затоа, некои родители се обидуваат да ја совладаат уметноста на готвењето за да ги задоволат малите критичари. Еден таков родител е и една мајка на три мали девојчиња од Токио, Јапонија. Оваа жена е позната како мама Етони и таа прави симпатични и вкусни оброци што ги сакаат дури и возрасните. Нејзините деца имаат среќа да јадат разнобоен оброк инспириран од цртаните филмови речиси секој ден, а во продолжение погледнете ги креативните оброци на оваа талентирана мајка.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.