Еден од најдобрите растителни извори на магнезиум и други хемиски соединенија кои промовираат добар сон е леблебијата, што ја прави идеален избор на храна за вечера, тврди нутриционист, кој ги советува сите кои страдаат од проблеми со спиењето.
Храната и спиењето се длабоко поврзани. Исто како што некои намирници (како што се шеќерот и кофеинот) можат да се мешаат во сонот и квалитетот на спиењето, има и такви што го прават спротивното. На пример, дали забележавте колку блажено спиете по порција мисирка? Ова е затоа што месото содржи високи нивоа на триптофан, аминокиселина која е претходник на серотонин (тој игра значајна улога во нашиот сон).
Нутриционистката Џесика Кординг вели дека триптофан може да се најде во многу други извори, како што се скоро сите животински протеини. Но, можеме да го најдеме и во некои растителни прехранбени производи.
Еден од нејзините омилени извори засновани од растително потекло е леблебијата, за која таа тврди дека може да да има значителен ефект врз спиењето.
Леблебијата и сонот
„Леблебијата содржи сложени јаглени хидрати кои му помагаат на нашето тело да произведува серотонин. Иако серотонинот е почесто поврзан со добро расположение, овој невротрансмитер всушност се претвора во мелатонин во пинеалната жлезда на мозокот, што е неопходно за нашиот сон“, објаснува Кординг.
„Всушност, ниското ниво на серотонин може да нè спречи да заспиеме и да продолжиме да спиеме“, се согласува д-р Тифани Лестер посочувајќи дека пред спиење е важно да се избегнува храна што го собира шеќерот во крвта, како што е голем сад со тестенини.
Ако сакате добар вкус на храната, не заборавајте да ја…
Попаметен избор е дефинитивно храна со низок гликемиски индекс, и леблебијата дефинитивно припаѓа во таа група. Покрај тоа, таа содржи високи нивоа на магнезиум, кој игра улога во повеќе од 300 различни биохемиски реакции во телото кои контролираат сè – од регулирање на шеќерот во крвта и крвниот притисок до производство на енергија и спиење.
Истражувањата покажаа дека магнезиумот поддржува релаксирачки, длабок сон со одржување на здрави нивоа на ГАБА – невротрансмитер кој промовира релаксација и добар ноќен одмор.
Затоа, леблебијата е одличен избор за вечера, или на лажица или во хумус нанесен на парче леб, на пример.
Без разлика како ги подготвувате, овие мали мешунки имаат прилично импресивно резиме. Протеини, растителни влакна, па дури и минерали кои помагаат да се промовира побрзо спиење, па не е ни чудо зошто нутриционистите ја сметаат оваа храна чудесна за добар сон.