Победникот на завршниот турнир во АБА лигата и првопласираната екипа во регуларниот дел од сезоната, следната сезона ќе играат во Евролигата, стои во соопштението испратено од Евролигата.
Евролигата се согласила, најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната во АБА лигата, да добие директно место, но само во случај градот од кој доаѓа клубот да ги исполнува условите за Б лиценца (сала со капацитет од најмалку 5.000 седишта, оддалеченост до 100 километри од најблискиот меѓународен аеродорм и два хотели со најмалку четири ѕвезди. Во спротивно учесниците во ЕЛ ќе бидат одредени според правилата на Евролигата, или според пласманот на завршниот турнир. Во пракса тоа значи дека доколку Игокеа го освои првото место, за пласман во елитата ќе мора да се избори преку завршниот турнир, додека доколку Црвена звезда биде прва во регуларниот дел од сезоната, местото во Евролигата би и било загарантирано. Игокеа, во случај да победи на „Фајнал Фоур“ турнирот би имала загарантирано место во квалификациите, а со евентуален пласман во финалето би обезбедила место во ЕЛ, со тоа што натпреварите во елитното натпреварување би морала да ги игра надвор од својот град, истиот случај е и со Раднички од Крагуевац. Во соопштението се додава дека овој договор помеѓу АБА лигата и Евролигата ќе важи само за оваа сезона.
Макфакс
Победникот на завршниот турнир во АБА лигата и првопласираната екипа во регуларниот дел од сез