Соединетите Американски Држави (САД), според многумина, ветената земја, и покрај високото ниво на слобода и богатство, имаат многу, најблаго речено, бесмислени прописи.
Некои многу вообичаени работи кај нас и во остатокот од светот можат да бидат забранети во САД, бидејќи сметаат дека се смртоносни и опасни по здравјето, а овој пат ќе се фокусираме на оние поврзани со храната.
- Захарова: Шокантно но вистинито, Xитлеp е почесен граѓанин во четириесетина градови низ Германија
- Нарушениот однос на Тајсон со мајка му: Го тепала во затвор, го нарекувала „арогантен“ и го потсетувала на поразите (фото)
- Раст на економијата на ЕУ годинава, позитивни прогнози за следните две години
- Маск: Ќе ги „пронајдам и уништам“ сите кои ме обвинуваат за контакти со Москва
- Ахмети: Албанскиот народ ќе го чува албанскиот јазик
- Само 2 дена пред нејзината смрт, кралицата Елизабета ги напишала овие зборови: „Дојде да ме види…“ Многумина мислат дека тој бил последниот што ја посетил (фото)
- Зеленски ја смени играта: Мора да сториме сè за да ја завршиме војната следната година преку дипломатија
- Левица: Се крати од ранливите категории за набавка на оружје
- Повеќе од 800 милиони возрасни луѓе во светот страдаат од дијабетес
КИНДЕР ЈАЈЦЕ – Киндер јајцето е измислено во Италија во 1972 година. Станува збор за чоколадо во форма на јајце во кое има пластична кутија со играчка. Иако овој десерт е популарен во повеќето земји, вклучително и Македонија, откако се појави на пазарот, во Соединетите Американски Држави со закон го забранија, пишува Punkufer.
Владата на САД ги забрани Киндер јајцата токму поради играчката во пластична кутија, која ја гледа како потенцијална опасност за малите деца, кои можат да ја проголтаат и да се задушат. Киндер јајцето не само што не може да се купи во продавниците во САД, туку ќе биде одземено на аеродромот доколку се обидете да го внесете во земјата.
КОЊСКО МЕСО – Истражувањата покажуваат дека коњското месо е исклучително здраво – богато е со протеини и железо, а има низок процент на масти. Иако не е нелегално да се јаде коњско месо во САД, нелегално е да се продава коњ за човечка исхрана.
Некои држави како Тексас конкретно забрануваат продажба или колење на коњи наменети за човечка исхрана. Забраната е предизвикана од неконтролираното давање на опасни лекови на коњите пред колењето во САД, што може да биде опасно и за здравјето на луѓето.
ЦРН ДРОБ ОД ГУСКА – Забраната доаѓа поради насилниот начин на хранење на гуските. Младите гуски се полнат со храна, обично пченка, додека црниот дроб не отече до осум пати од природната големина. Отечениот црн дроб потоа се користи за подготовка на паштета.
Пронајдете не на следниве мрежи: