На хрватската Фејсбук страница „Prometne zgode i nezgode“ се објавени две фотографии кои предизвикаа мноштво коментари – во поголемиот дел шеговити.
На фотографијата се гледа паркиран автомобил, очигледно со странски регистарски таблици, кој е заврзан за ограда со помош на некаква сајла со брава.
На шофершајбната била оставена порака која гласела: „Го заклучив вашиот автомобил бидејќи нѝ го блокираше нашиот влез“.
Многу луѓе во коментари ја поздравиле ваквата „акција“ додека други ја критикувале постапката на човекот кој го направил ова.
„Странец тешко дека ќе разбере хрватски, а ваквото „казнување“ резултира со повеќе штета отколку корист… овој би можел да остане без ограда или некој би можел да се сопне од жицата“, гласел еден од коментарите.