ОВА ГО НЕМА НИТУ ВО НАЈСТРАШНИТЕ ХОРОР ФИЛМОВИ | ОД НЕЈЗИНИТЕ БЕЛЕШКИ СЕ ЗАЛЕДУВА КРВТА: ГИ УБИВ, НЕ ЗАСЛУЖУВАМ ДА ЖИВЕАМ

Монструмот од жена – медицинската сестра, Луси Летби, плачеше додека судот ги гледаше нејзините белешки на кои пишувало: „Злобна сум, го направив ова!“

ОВА ГО НЕМА НИТУ ВО НАЈСТРАШНИТЕ ХОРОР ФИЛМОВИ | ОД НЕЈЗИНИТЕ БЕЛЕШКИ СЕ ЗАЛЕДУВА КРВТА: ГИ УБИВ, НЕ ЗАСЛУЖУВАМ ДА ЖИВЕАМ

Осомничената медицинска сестра Луси Летби плачеше на обвинителна клупа додека на судот им беа приложени и покажани фотографии од нејзината спална соба, вклучувајќи и рачно напишани белешки пронајдени внатре во кои пишувало: „Јас сум ужасна лоша личност“ и „Јас сум злобна, го направив ова“.

На нејзиното последно судење во Манчестер, таа негираше дека убила седум бебиња и се обидела да убие 10 други во период меѓу јуни 2015 и јуни 2016 година.

Судот забележал дека Летби (33 г.) прв пат била уапсена на нејзиниот имот во Честер во 06:00 часот наутро на 3. јули 2018 година – две години откако ја работела последната смена во акушерското одделение во болницата „Грофица“, пишува The Daily Mirror.

Обвинителот Филип Астбери кажал дека во една од фиоките во нејзината спална соба бил пронајден дневник од 2016 година, во кој биле содржани иницијалите на бебињата за кои таа била обвинета за убиство, заедно со датумот кога се случило убиството.

Обвинителот кажал дека пораката пронајдена во дневникот, напишана на зелена хартија, им била покажана на поротниците на почетокот на судењето. Дел од пораката гласела:

„Не заслужувам да живеам. Ги убив намерно затоа што не сум доволно добар да се грижам за нив“, „Јас сум ужасно злобна личност“.

Во дневникот е пронајдено и парче хартија со големина на А4 лист со слични рачно напишани белешки, а истото било прочитано на суд. Една реченица гласела:

„Ги убив. Не знам дали ги убив. Можеби го направив тоа. Можеби не сум јас ова“.

Зборовите „убиј ме“ можеле да се видат и напишани со задебелени букви и заокружени во нејзиниот дневник.

Полицијата пронашла и три рачно напишани белешки од една од чантите. Тие содржеле зборови кои се однесуваа на изјави за љубов кон колега доктор. До неговото име пишувало: „Те сакав“ и „мојот најдобар пријател“.

Во белешките биле вклучени и зборовите: „Помогни ми“, „Не можам повеќе да го правам ова“ и „Како може животот да биде ваков“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.