Актерот Жарко Лаушевиќ почина денеска на 63-годишна возраст, а пред месеци се пишуваше за тешката болест со која се борел.
Како што се шпекулираше, на Жарко му бил дијагностициран рак на белите дробови, поради што пред три месеци бил хоспитализиран во болницата „Бежанијска коса“.
- Белгија откри тежок метал во замрзнати малини од Србија
- Белата куќа вложува максимални напори за безбедност на инаугурацијата на Трамп
- Турскиот извоз лани достигна рекордно високо ниво од 262 милијарди долари
- Apple се реши во случајот „Сири“, ќе плати 95 милиони долари за снимање приватни разговори
- Црногорскиот премиер најави драконски мерки за оние кои нема да го предадат нелегалното оружје
Жарко последниве месеци редовно одеше на терапија, но болеста завладеа. Неговото семејство ги чувало информациите за болеста на ЖАРКО во тајност, но се дознало кога тој неодамна се разболел.
Режисерот Милан Караџиќ, кој последен пат соработуваше со Лаушевиќ во серијата „Калкански кругови“, тогаш проговори за состојбата на актерот:
- Ги сними горе-долу сите негови сцени, малку остана. Инаку, тој заврши одлична работа, презадоволни сме од сработеното, тој е маестрален актер – изјави за Новости по хоспитализацијата Милан Караџиќ, режисерот на серијата.