Познатата пејачка Емина Јаховиќ израсна во петочлено семејство во Нови Пазар, а покрај мајката ги има и својата сестра и брат, додека нејзиниот татко починал кога таа имала само 13 години.
Емина е блиска со своето семејство, но ретко тоа го покажува во јавноста. Братот на Емина е некогашен успешен кошаркар кој денеска е татко на пет деца. Минатата година во неговото родно место е отворен и кошаркарски терен кој го носи неговото име и презиме.
Мирсад со првата сопруга која е поранешна мисица има три деца, а од неа се разведе во 2012 година. Братот на Емина по втор пат се ожени во 2016 година, а регионалните медиуми ги привлече веста дека пејачката не присуствувала на венчавката на својот брат.
-Апсолутно е невистина дека имам нешто против сопругата на мојот брат. Мојот брат го сакам најмногу на свет и секако дека ја сакам и почитувам личноста која него го прави среќен. Целата наша фамилија се сака и сме си поддршка едни на други во животот и така ќе остане. Двајцата се во брак со месеци, а сега само отидоа во општина за да се регистрираат, не правеа свадба за да присуствувам на неа, изјави неодамна Емина.