Ова е градот НАЈБЛИСКУ ДО ВСЕЛЕНАТА – се наоѓа на 5.100 мнв : Овде луѓето живеат во просек САМО ДО 35 ГОДИНИ, но еве зошто остануваат и НЕ СЕ ПРЕСЕЛУВААТ – причината е тажна!

Ла Ринконада е најнаселеното место во светот и градот најблиску до вселената. Се наоѓа на перуанските Анди на 5.100 метри надморска височина, а има 50 отсто помалку кислород, поради што е наречено „најпеколното место на светот“.Во видеото што е прегледано повеќе од 50 милиони пати, Јутјуберот и документарен режисер Рухи Кенет покажа како изгледа животот во град над облаците и – тоа не е воопшто лесно (барем за странците).

Очекуваниот животен век е 35 годиниИмено, на оваа екстремна висина атмосферата е значително поретка, поради што животниот век е 35 години. Локалното население живее со само 50 проценти од нормалното ниво на кислород. Сепак, нивните тела еволуирале за да произведуваат двојно повеќе крвни зрнца од другите.– Во оваа пустелија ниту едно дрво не може да преживее поради малиот притисок. Овој град на перуанските Анди е дури 300 метри повисок од Мон Блан, највисокиот врв на европските Алпи. Далеку од современиот свет, тоа е место каде криминалот и опасноста се секогаш во близина, објасни Кенет.Живот без струја и водаТој посочи дека му се вртило штом излегол од таксито, а кога се разбудил утрото почувствувал многу умор. Од сувиот воздух го болел грлото, а усните му испукале, а иако било лето, патиштата биле подмрзнати и смрдливи, а ѓубре се гледало низ целиот град.Таму луѓето живеат во „метални бараки“ без струја, што е многу загрижувачко кога температурата во зима ќе падне до -10 степени. Тој, исто така, забележал дека повеќето луѓе користат јавни бањи и тушеви бидејќи немаат вода во нивните домови. Сепак, постои добра причина зошто некои се согласуваат да живеат во толку тешки услови.
„Луѓето доаѓаат само поради една причина – злато“– Луѓето доаѓаат во оваа сурова земја само поради една причина – злато. Овде, меѓу купиштата ѓубре, се населиле околу 50.000 луѓе, кои сонуваат за богатство, објасни тој.Инаку, градот се наоѓа во близина на рудник за злато, а меѓу 2001 и 2009 година, кога цената на златото се зголемила за 235 отсто, населението се зголемило за 30.000 жители, пренесува Index.hr.

Пронајдете не на следниве мрежи: