Секој хороскопски знак има свои уникатни карактеристики и особини. Но, кога станува збор за тоа кој од дванаесетте хороскопски знаци е најмрзлив, ѕвездите го издвојуваат Бикот. Овој земјен знак со кој владее Венера, планетата на љубовта и задоволството, е вистински господар на уживањето и удобноста, па затоа се смета за најмрзлив.Уживањето како животна филозофијаБиковите се познати по љубовта кон луксузот и удобноста. Нивната животна филозофија е едноставна: сакаат да уживаат во секој момент. Без разлика дали се работи за долго, релаксирачко капење, маратон од вашата омилена серија или едноставно лежење на каучот со добра книга и чаша вино, Биковите знаат како да се опуштат и да уживаат во животот.Ништо не им е итно, сè може да почекаЕдна од причините зошто Биковите често се сметаат за мрзливи е нивната склоност кон одолговлекување. Биковите сакаат да ги прават работите со свое темпо и не поднесуваат брзање. Тие веруваат дека се ќе си дојде на свое место во вистинско време, па нема потреба да се форсира. Доколку постои можност нешто да одложите за утре, Бикот со задоволство ќе ја искористи таа можност.Хедонизам на прво местоГи ценат добрите работи во животот: добра храна, убава облека, удобни простори. Биковите попрво ќе го поминат денот уживајќи во вкусен оброк или опуштајќи се во својот удобен дом отколку напорна работа. Нивната способност да уживаат во секојдневните задоволства често ги наведува да ги занемарат обврските кои ги сметаат за помалку важни.Стабилноста и безбедноста се пред сè за нивБикот ја цени стабилноста и безбедноста, што се рефлектира во нивниот пристап кон животот. Сакаат да ги одржуваат работите такви какви што се и не чувствуваат потреба постојано да се менуваат и прилагодуваат. Нивната тенденција за одржување на статус кво често може да се толкува како мрзеливост, но за Биковите тоа е едноставно начин да се обезбеди нивната удобност и безбедност.
Пронајдете не на следниве мрежи: