Тоа е футуристички концепт кој ја претставува иднината на мобилноста
На саемот за воздухопловство Авалон, кој до крајот на неделава се одржува во Австралија, компанијата Пегазус го претстави својот концепт на првиот полициски летечки автомобил.
Австралиска старт-ап компанија основана пред десет години е специјализирана за производство на комерцијално исплатливи летечки автомобили за владата и полицијата, а нивниот нов проект може да вози по патишта, но и да лета како хеликоптер.
Иако Австралијците не ја објавија цената или конкретните информации за возењето, познато е дека Pegasus ќе има електричен досег од 100 километри и дека ќе може да помине до три часа во воздух (досег од 420 километри).
Како функционира летечкиот полициски автомобил во пракса погледнете во видеото.
Пронајдете не на следниве мрежи: