Прва слика од монструмот Палчо по апсењето! Осомничен дека е организатор на киднапирањето и убиството на Вања (14)!

Ова а првата фотографија од уапсениот Љупчо Пелевски, осомничен дека е организатор на киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска (14).

Пелевски вечерва е уапсен во Турција по потерница од македонскиот Интерпол.

Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
Две недели по разорните поплави во источна Шпанија, метеоролошките служби ги предупредија граѓаните да бидат внимателни, бидејќи повторно се очекуваат нови катастрофи со доаѓање обилни врнежи и ниски температури. Источниот и јужниот дел …
Два хороскопски знаци кои сакаат да глумат жртви
Веројатно сите знаеме луѓе кои претпочитаат да ги нагласат грешките што им се направени наместо да преземат одговорност. Ова однесување може да остави впечаток на манипулација или пасивна агресија. Можеби ѕвездите се виновни …

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги откри деталите за криминалот што го потресе целиот регион. Спасовски рече дека Палевски преку Србија и Бугарија преминал во Турција.

– Со автомобил беше донесен во Белград и оставен во хотел. Потоа преку Бугарија бил пренесен во Турција во градот Баликешир. Нашите полицајци се сретнале со нивниот оперативен извор, кој ги известил дека осомничениот оттаму сакал да замине во Истанбул и дека се договорил со таксист. Тој остана во Баликешир каде што беше уапсен на улица. Тоа беше последната алка од грозоморниот чин што недостасуваше да се каже дека го решивме случајот – рече министерот.

Љупчо Пелевски
Спасовски рече дека постапката за екстрадиционен притвор е во рацете на Министерството за правда, а потоа ќе се појави пред судот.

– Затоа правдата треба да биде брза и целосно спроведена – рече Спасовски на прес-конференцијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.