Трамп ги изненади сите! Ќе ѝ дозволи на Северна Кореја да го задржи нуклеарното оружје, под еден услов

Доналд Трамп планира да и’ дозволи на Северна Кореја да го задржи своето нуклеарно оружје, но под услов, со американски финансиски стимулации Пјонгјанг да престани да прави нови бомби, велат три неименувани луѓе запознаени со ставовите на Трамп.

Таков потег би означи нагло отстапување од неговиот претходен став по ова прашање и чекор кон усогласување на Вашингтон со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, со кого Трамп разви невообичаено пријателски односи за време на неговото претседателствување.

Билатерална средба на Муцунски и Герапетритис утре во Њујорк
Министрите за надворешни работи на Грција и Северна Македонија, Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски утре ќе остварат билатерална средба во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН, јави дописничката на МИА …
 Ќерката на Чола полуде на концертот на Теа Таировиќ! Уна блесна во секси издание, погледнете со кого дојде
Наследничката на пејачот Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ се појави на концертот на Теа Таировиќ во белградска Арена.Ќерката на најголемата балканска ѕвезда, Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ , уживаше на концертот на Теа Таировиќ синоќа, 21 септември .Убавата Уна …

Додека американските претседатели во голема мера бараа начин да ја убедат Северна Кореја да се откаже од својот нуклеарен арсенал, американската политика континуирано повикува Северна Кореја да се денуклеаризира.

Меѓутоа, ако добие нов претседателски мандат, Трамп очигледно е подготвен да се откаже дури и од обидот да го убеди Ким Џонг Ун да го растури својот нуклеарен арсенал.

Упатените велат дека Трамп е делумно мотивиран од идејата да се избегне губење време на она што го гледа како залудни разговори за разоружување, наместо да се фокусира на поголемата задача да се натпреварува со Кина.

Политиката на Трамп кон Северна Кореја во неговиот прв мандат беше „целосна, проверлива и неповратна денуклеаризација на Пјонгјанг“, а неговиот првичен пристап беше многу тврд, дури и земајќи ја предвид опцијата да фрли нуклеарна бомба врз Северна Кореја, а вината да ја префрли на друга страна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.