Таа важи за една од најубавите Македонки која преку својата манекенска кариера постигнала интернационални успеси.
Нејзината става и убавина беше забележана од челниците на светски реномирани познати брендови на чии модни писти Катарина чекореше.
Нашето убаво македонско девојче и откако по вторпат стана мајка ја задржа својата фигура и продолжи да се занимава со професијата која одамна е нејзина примарна професионална определба.
Во живо или на фотографија, таа секогаш изгледа беспрекорно, но бидејќи нели никој не е совршен, Катарина тоа го покажа искрено и за себе.
Ивановска преку една фотографија на Инстаргам „стори“ откри дека имала проблеми со кожата на лицето, односно лузните од акни од кои најпосле се ослободила.
-Дојде и тој ден. Ова пред е хорор, пица перерони, пишува Катарина јавно заблагодарувајќи се за производите кои и помогнале да се реши од проблемот.
Реална и искрена дека никој не е совршен, па ниту таа. Сепак, вака или онака, Катарина Ивановска има убавина која еднаш се гледа и не се заборава!