Ова семе ја зголемува плодноста

Ако сакате да ја намалите тежината, но тешко ви паѓа гладувањето, грчкото семе или пискавица (тилчец) е вистински додаток во исхраната за вас.
Ова ситно семе се користи во кулинарството и медицината, а чини да се чувствуваме сити дури и ако ја преполовиме вообичаената порција. Притоа, ја забавува апсорпцијата на шеќерот во стомакот и го стимулира производството на инсулин, така што им помага на пациентите со дијабетис во изедначување на нивото на шеќер во крвта.


За ефикасна диета, треба да додадете 10 гр грчко семе во појадокот, што ќе го намали апетитот и ќе ви помогне да го преполовите вашиот ручек. Грчкото семе може да се конзумира и во прав, а благодарение на дејството врз хормоните, може да ја зголеми љубовната желба, како и бројот и мобилноста на сперматозоидите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.