Идеалниот појадок често пати може да ни биде и како ручек. Без разлика дали појадувате или не, храната што ја внесувате рано наутро ако не е соодветна може лошо да влијае на вашето здравје.
Проблемот настанува кога внесувате шеќери и масти кои не се потребни рано наутро на вашиот организам. Овие калориски „бомби“, наместо да го забрзаат наутро метаболизмот имаат спротивен ефект.
Ви претставуваме седум најголеми грешки и навики при изборот на појадокот.
1. Одбегнување на протеини
Кафе со млеко и мафини. Тоа звучи така убаво и слатко, особено кога сме веќе на пат кон работното место и немаме време за вистински појадок. Ова е супер комбинација за очи и желудник, но во овој оброк нема протеини. Обидете се денот за го започнувате со омлет или варени јајца, јаболко и семки од чија. Потврдено е дека појадокот кој состој протеини го балансира шеќерот во крвта и го намалува гладот.
2. Претерување со цеден сок
Природно цедениот сок е одличен извор на витамини и минерали, но не е исто кога конзумирате овошје. Во цедениот сок недостасува прехрамбени влакна додека овошјето изобилува со многу. Магазинот „Apettitee“ пред некое време објави истражување кое вели дека луѓето кои претеруваат во конзумирање на сокови имаат повисок крвен притисок од оние кои тоа го прават повремено.
3. Конзумирање на погрешни масти
Факт е дека на телото му се потребни масти за да може нормално да функиционира. Ова не значи дека сланината, сирењето и зејтинот се задолжителен дел од појадокот секое утро. Вкусно е, се сложуваме сите, но како што рековме погрешното конзумирање на храна рано наутро вилијае на здравјето.
4. Користење на вештачки засладувачи
Доколку она што го конзумираме не содржи калории тоа не зачи дека нема лошо влијание врз телото. Магазинот „Nature“, објави интересно истажување кое докажува дека вештачките засладувачи ја нарушуваат рамнотежата на бактеријата во желудникот, со што ја засилуваат потребата на внесување на фруктозата. Нутриционистот Брук Алперт, советува кафето да се пие без никакви засладувачи, но да користите цимет кои ќе го забрза метаболизмот.
5. Одложување на појадокот
Ако појадокот го јадете по неколку часа одкако ќе се разбудите тогаш нема да јадете умерено. Кога вашиот желудник ќе стане „гласен“, кога ќе почувствувате нагла потреба за храна, тогаш несвесно претерувате со количината на храна што ја внесувате. Внимавајте на ова, не се изгладнувајте за потоа да не претерате.
6. Не внимавате на количината на храна
Верувале или не обилноста на оброкот влијае и на количеството на храна што го внесувате во организмот. Интересна студија на универзитетот на Pen State, покажала дека луѓето кои конзумираат мусли и корнфлекс рано наутро внесуваат дури 18 проценти повеќе калории мислејќи дека јадат диетално. Објаснувањето за ова е во трикот што користат мал сад каде го припремаат оброкот и при тоа немаат контрола коклу всушност количество на храна ставиле. Кога веќе сакате да се храните здраво користете вага за мерење на храната.
7. Обилни оброци
Прескокнувањето на појадокот или пак обилните оброци го дисбалансираат телото и го успоруваат организмот. Токму поради овие причини појадокот е важен. Внесување на големо количество на храна рано изутрина е голем минус. Навикнете се да внесувате онолку храна колку што му е потребно на организмот да се разбуди наутро. Балансирајте го внесувањето на јаглехидрати и протеини за појадок.