Овие граѓани добиваат до 25.000 денари зголемување на платите!

Во соопштение преку социјалните мрежи Независниот синдикат на државната администрација соопштува дека со новата методологија на потрошувачката синдикална кошница платата на функционерите ќе им се зголеми за дополнителни 400 евра или 25.000 илјади денари.

Се ќе беше добро доколку ја вратија вербата на народот со зголемување на стандардот, почитување на правото, 0% корупција, добри политики…Доколку било која политичка опција имаше волја можеше да ги изменат и оние ,,77″ закони кои се спомнуваат но најлесно ќе беше да се зголемат платите на сите вработени во јавниот сектор за 78% а со тоа мора да се зголемат и во приватниот сектор се вели во соопштението на независниот синдикат.

Независниот синдикат на државната администрација со иронија ја честита Новата година.

„ Согласно фактот се зголеми вредноста на Потрошувачка кошница на македонските граѓани на 56.522,оо денари.

На ,,Нашите функционери и пратеници” без разлика дали се од позиција или опозиција ќе им се зголеми платата со новогодишен пакет од 400€ т.е. од над 25.000,оо денари.

Со ова ново зголемување на платите на 1.060 функционери + градоначалници и до 3.000 евра а тоа се должи и на одлуката од Уставен суд со кое добија зголемување од 78%.

За 3.000€ т.е. 184.603,оо денари. ќе земаат:

Претседател на државата,

Претседател на Собранието и

Премиерот (предходно 160.000,оо),

Прв вицепремиер 174.067,оо денари,

Вицепремиер за економски прашања 176.347,оо денари,

Вицепремиер задолжен за политики за добро владеење – 154.041,оо денари,

Вицепремиер за европски интеграции 147.140,оо денари,

Министер за одбрана 149.420,оо денари,

Министерот за внатрешни работи 2,883 евра плата или 177.641,оо денар.

Зголемување ќе добијат и пратениците, градоначалниците и останатите функционери.

Се ќе беше добро доколку ја вратија вербата на народот со зголемување на стандардот, почитување на правото, 0% корупција, добри политики…

Доколку било која политичка опција имаше волја можеше да ги изменат и оние ,,77″ закони кои се спомнуваат но најлесно ќе беше да се зголемат платите на сите вработени во јавниот сектор за 78% а со тоа мора да се зголемат и во приватниот сектор.

Поминавме над 6 месеци со Протести со цел да укажеме дека и работникот има душа и треба да има поголема плата.
Согласно Закон за минимална плата и други постоечки закони од март 2024 година, минималната плата треба да се зголеми од 21.200,оо на 22.500,оо денари.

Во план е бришење на минимална плата од сите закони за да нема зголемување на плата.

Среќна Нова ’49-та“ пишуваат тие.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.