Овие намирници испуштаат отров кога ги подгревате, лесно може да предизвикаат труење со храна…

Многу често се случува да ви остане храна од ручекот или пак вечерата, а како што нашите родители секогаш нè учеа, храната да не ја фрламе туку ја оставаме за утре.
Сепак, треба да знаете дека не смеете сите намирници да ги чувате во фрижидер и подоцна да ги подгревате, затоа што некои од нив може да станат токсични.
Ориз


Подгревањето на оризот многу лесно може да испушти токсини. Доколку го чувате на собнa температура, во него многу лесно може да се развијат отровни бактерии. За да избегнете повраќање или дијареа, сварениот ориз чувајте го во фрижидер во затворен сад, така е побезбедно.
Компир
Доколку варен компир чувате на собна температура, многу лесно може да развие бактерии кои што предизвикуваат труење со храна. Најдобро е сварениот компир да го чувате во фрижидер.
Кромид, целер, цвекло
Овие намирници често можат да се најдат во супите и чорбите. Сепак, доколку ги подгревате, можат да испуштат токсини. Причината за грижа се нитратите кои што се наоѓаат во овие намирници.
Јајца
Било да се варени или пак пржени, јајцата никогаш не смеете да ги подгревате. Бидејќи се богати со протеини, подгревањето може да ја смени нивната структура и да предизвика сериозни проблеми со вашиот дигестивен систем.
Пилешко месо


Баш како и јајцата и пилешкото е богато со протеини. Доколку го подгревате, може да се случи да добиете болки во стомакот, дијареа или пак повраќање.
Печурки
Протеините во печурките ја менуваат својата структура кога повторно ќе се загреат и можат да станат многу опасни. Исто така не се препорачува ниту чување печурки на собна температура затоа што можат да испуштат токини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.