Овие познати личности ќе имаат среќна и бериќетна година: Кај Борко Ристовски се вртеа две лепчиња, Гиговска не беше дома за Бадник

Сопругата на Борко Ристовски, Нина Ристовска сподели дека оваа година делат две лепчиња, а во нивниот дом се паднала паричката кај синот Душан.
„Оваа година делиме две бадникови погаџи. Паричката е во Душан за првпат. Во нашето друго дома во Куманово, паричката е во татко ми после 30 години“, напиша Нина.


Антониа Гиговска „Јас не сум дома, па кршеле и за мене и опппппп кај мене паричката. За многу години. Господ да ни дари успешна година“, напиша Гиговска на социјалните мрежи.


Оваа година во домот на Јоце Панов, паричката се падна кај македонскиот пејач.
Тамара Тодевска напиша: „Кај мене се падна паричката…Некој не е воопшто среќен. Живели“ напиша Тодевска во описот на фотографијата со паричката и нејзината ќерка Хана која „е лута“ бидејќи паричката не е кај неа.


Лила Филиповска, Тијана Дапчевиќ, Мелита Ракиќевиќ не открија кај кого се падна паричката, но ја покажаа бадниковата трпеза во нивниот дом.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.