Според народните верувања, постојат растенија кои со векови се сметале дека се голема заштита од негативната енергија.
Лук
Лукот се смета за природен антибиотик кој има огромна моќ, а во народната медицина се користи многу често. Се верува дека го намалува крвниот притисок, добар е за косата, против грипот и различни воспаленија. Исто така се верува и дека тој штити од лошите сили, па често се користи во исхраната како амајлија.
Босилек
Оваа билка е поврзана со многу ритуали во народните верувања. Ја нарекуваат божји цвет, бидејќи се верува дека таа е симбол на животот, од раѓањето до смртта. Порано се верувало дека доколку се стави босилек во водата од извор или реките, и се чува така 40 дена, дека тоа ќе го штити домот од лоша енергија.
Циклама
За цикламата се верува дека може да ги ублажи утринските главоболки, мигрената и симптомите од менструацијата кај жените. Оваа билка се смета и дека носи среќа во љубовта, па се препорачува да ја има во домот. Ако се додаде малку од неа во виното, се верувало дека можете да освоите секоја личност.
Врба
Таа е симбол на младенците, но и го симболизира растот и развојот кај младите луѓе. Се верува и дека кората од бела врба е лековита бидејќи помага кај настинки и висока температура. Таа е и весник на пролетта, па се верува дека носи и плодност кај жените.
Детелина
За сите нас, детелинката со 4 листа носи среќа поради нејзината реткост. Но, во народните верувања, секоја детелина има магична моќ, бидејќи е симбол на среќата, љубовта и убавите случувања.